Агенцијата „Срна“ објави исказ на еден од сведоците на трговијата со човечки органи на Косово.  Сведокот кој е означен со знакот „Ц“ вели дека во овој бизнис биле вклучени дел од командантите на УЧК меѓу кои и братот на Рамуш Харадинај, Даут.

Според сведокот, локалните команданти имале обврска да заробениците на кои им се ваделе органи бидат испорачувани на Елшани и Даут Харадинај, додека пак возачите и оние што внимавале како се одвива транспортот не добивале никакви пари за услугата.

Органите се испорачувале редовно од понеделник до петок со комерцијални летови за Истанбул. Тоа беа комерцијални летови-откри сведокот.