Албанската мафија е една од најдобро организираните во Европа.Преку 70 отсто од профитот на наркотици во Европа оди преку нивни раце.Се проценува дека месечно се шверцуваат од четири до шест тони хероин чија вредност достигнува две милијарди евра.Во Албанија постојат и два тајни аеродроми преку кои дрогата се пренесува во Италија а оттаму во другите земји во Унијата.

Во албанските картели хиерархијата и дисциплината се неприкосновени и  водачите се поврзани со голем број политичари во Европа.

Најголем дел од дрогата се произведува во селото Лазарат каде дури и полицијата треба претходно да се најави.