Во близина на Градишка , се запали фабриката за мебел ,,Форте флекс”, во приградската населба Козинци

Според неофицијалните информации , во пожарот нема повредени , а во неговото гаснење се ангажирани противпожарните екипи на Градишка и околните хрватски градови.

Силниот ветар им ја попречува акцијата на пожарникарите. Пожарот избувнал во магацинот на фабриката , каде имало големо количество лесно запаллив материјал.

Според сопственикот на фабриката , пожарот избувнал по завршувањето на работното време во 16 часот.