Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој е во посета на Македонија рече дека тука прв пат пробал сладолед и полнети пиперки и ја слушнал детската песна „Ринге ринге јаја“.
Но, тој ова го кажува секаде каде што оди во земјите од поранешна Југославија и ја повторува истата приказна.
Се сеќавам дека го јадевме првиот сладолед на Калемегдан и живеевме во улицата „Коста Рацин“. Се сеќавам и дека пеевме една детска песна: „Ринге ринге раја, дошо чика паја“-рече Столтенберг во Белград.
Истото го кажал и за време на посетата на Босна и Херцеговина.
Јенс во Белград израснал на Дедиње, а за него се грижела дадилката Смиља Катиќ од Суботица.
Столтенберг е оженет со дипломат по име Ингрид Шулеруд, со која го има синот Аксел Столтенберг, кој има 33 години и учи кинески во Шангај, и ќерката Ана Катарина која има 31 година (1992). Неговата помлада сестра Нини почина во 2014 година, додека се опоравуваше од зависноста од хероин.
Роден е во 1959 година, а живеел во Белград од 1961 до 1964 година додека неговиот татко бил амбасадор во Југославија. Сака спортски живот, често вози велосипед, а во зима се занимава со нордиско скијање. Беше дури и на Антарктикот.
Comments are closed for this post.