Стабилноста на Западниот Балкан се уште не е обезбедена, бидејќи постојат предизвици и тензии во регионот, па затоа НАТО сака да помогне за нивно надминување, изјави денеска заменик помошникот на генералниот секратар на Алијансата за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај.
Регионот не е нашиот двор, туку е една од собите на нашиот заеднички европски дом и затоа сакаме да придонесеме за неговата безбедност – изјави Апатурај во обраќањето на форумот „Недела на НАТО“, што се одржува во Беград.
Апатурај изјави дека Западниот Балкан од секогаш бил регион со стратешко значење, но дека неговото политичко значење порасна во последните години, па затоа НАТО вложува дополнителна енергија и поттик до западнобалканските земји за остварување на нивните цели, независно од тоа кои се тие.
Некои земји сакаат да влезат во НАТО, а некои не и ние го поддржуваме тоа, изјави Апатурај., додавајќи дека Алијансата нема намера на своите партнери да им наметнува работи и барања, како што е на пример да се бира „меѓу Истотот и Западот или меѓу Русија и НАТО – истакна заменик помошникот на генералниот секратар на Алијансата.
Comments are closed for this post.