Вељко Бановиќ, попознат како Вотка, еден од најблиските соработници на Лука Бојовиќ, бил мета на Вељко Беливук и неговата криминална група.

Планот наводно бил да се убие Бановиќ откако тој го „спаси“ Милан Љепоја од Ниш. Според обвинението, Вељко Беливук имал намера да го прекине „планираниот одмор од колење“ поради Бановиќ.

Вотка последен пат јавно бил виден во Србија во 2018 година, на погребот на Драгослав Милорадовиќ, кумот и еден од најдобрите пријатели на Лука Бојовиќ.

Присуството на Бановиќ на погребот одекна меѓу криминалците. Тој се појавил со неколку телохранители, кои го штителе со чадори од можни напади. Познаници тврдат дека се работи за таканаречени непробојни чадори. Судејќи по тоа, Бановиќ знаел дека тој е мета – објаснува  „Курир“.