Познатиот српски пејач на народни песни, Шабан Шаулиќ, загинал во тешка сообраќајна несреќа во Германија, јавуваат српските медиуми.
Според Блиц, Шаулиќ настрадал во северозападниот германски град Билефилд.
Телевизија Пинк пренесува дека сообраќајната несреќа се случила утрината околу 7 часот, а со него во автомобилот бил неговиот кум, Слободан Стојановиќ Боби, кој исто така е тешко повреден.
Шаулиќ е превезен во најблиската болница, лекарите се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат, потврдено е официјално за дел од српските медиуми.
Comments are closed for this post.