Српското беспилотно летало камиказа- оса е мало, лесно, нечујно и пробива половина метар тенковски оклоп. Ова оружје,е поопасно од многу западни и руски варијанти што се користат на фронтот во Украина, но исто така е евтино и едноставно, така што масовното производство може да обезбеди доволно за напади со беспилотни летала во роеви.

Осите имаат домет од 25 километри за извидување, а овој ловец има домет од 20. Опремени се со сопствена камера, има моќна боева глава, која се користи против тенкови а може да се спакува и во ранец.

Еве ги карактеристиките

Маса на полетување 7 кг
Брзина на летот 120 km/h
Висина на летот 500 m
Времетраење на летот 30 мин
Опсег 20 км
Боева глава 1,5 кг