Еден од основачите на опозицискиот блок Сојуз за Србија (СзС) и лидер на Народната партија (НС), Вук Јеремиќ, изјави дека се залага за бојкот на работата на српскиот Парламент, затоа што тоа е „најосакатената институција“ во државата.
Таква формална одлука во СзС сè уште не е донесена, но Народната партија се залага за бојкот на сите институции, вклучувајќи го и Парламентот – изјави Јеремиќ гостувајќи на белградската телевизија Н1, додавајќи дека за таквата одлука е потребен консензус во СзС.
Јеремиќ потврди дека СзС ќе ги бојкотира сите избори организирани според сегашните изборни услови и дека со бојкотот ќе се изврши притисок врз сите одлуки кои би биле донесени од вака избраните институции.
Јеремиќ изјави дека СзС има собрано доказни материјали за нерегуларности на последните општински избори во Лучани, со кои има намера да ги инфромира ОБСЕ, Советот на Европа и други меѓународни тела.
Би требало да дојде до промена на власта и околностите. Со вакви изборни услови и со вакви медиуми тоа е невозможно. Затоа опозицијата конечно целосно се обедини околу овој ставот – изјави Јеремиќ.
Тој оцени дека целта на протестот „Стоп на крвавите кошули“ е „смена на авторитарниот поредок, во кој во моментов живеат граѓаните на Србија, кој агресивно дури и физички се пресметува со неистомислениците“.
СзС не е организатор на протестите, туку маката и безизлезноста беше мотив граѓаните да излезат на улиците. Одиме на протест, бидејќи веруваме дека е во ред да се бориме за нормални услови – истакна Јеремиќ.
Comments are closed for this post.