Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека приемот на Косово во Интерпол ќе биде политичка одлука што ќе ја загрози професионалната работа на таа организација.
Ако Интерпол се политизира, тогаш сите случаи ќе се одлучуваат политички. Веќе нема да се прашувате дали за некој криминалец имате распишана црвена потерница на Интерпол, туку ќе прашате кој ја издал потерницата, кажа Стефановиќ за ТВ Пинк.
Тој истакна дека на приштинските власти не им е потребен прием во Интерпол заради подобрување на борбата против криминалот, туку имаат за цел да покажат поголем степен на државност.
На последните неколку сесии на Интерпол ние предупредувавме дека приемот на Косово во таа институција ќе преставува повреда на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ООН, според која Косово е дел од Србија. Интерпол е должен да ги почитува резолуциите на ООН, додаде Стефановиќ.
Тој потсети на Корнеловата резолуција, донесена во 2016 година од страна на Генералното собрание на Интерпол, според која само земја-членка или набљудувач на ООН може да биде дел од Интерпол.
Србија направи големи напори. Им објаснуваме на оние земји што гласале или не гласале за приемот на Косово во Интерпол кои би биле последиците од приемот, рече Стефановиќ.
Comments are closed for this post.