Душан Спасојевиќ -Шиптар и Миле Луковиќ- Кум не беа убиени на 27 март 2003 година во Мељак! Два дена пред тоа и се предале на полицијата, па биле однесени во Централниот затвор каде што биле најстрашно мачени, а потоа ликвидирани! Телата потоа во вреќи биле однесени во Мељак, па било соопштено дека пукале во тамошната полиција и биле убиени во пресметката.
Ова го тврди Сретко Калиниќ (48), главниот убиец на злогласната банда во својата книга „Земунски клан – кој е кој“. Тој во моментов издржува 40-годишна затворска казна во Забела за злосторствата на „земунскиот клан“ и неговото учество во атентатот на премиерот Ѓинѓиќ во 2003 година.
„Додека бев во притвор во воениот затвор (Специјалниот суд) неколку стражари ми кажаа дека Душан и Миле биле мачени во подрумот на Ц.З и дека е страшно да се слушаат нивните врисоци. Припадниците на САЈ ги ликвидирале и ги однесоа мртви, во вреќи, со комбе кај Мељак.Таму им поставија бомби на мртвиот Кум, а на Душан автомат за да изгледа дека пукаат во полиција. „Кум“ всушност немаше оружје со себе кога почна да трча бидејќи му го зедов пиштолот на 12 март 2003 година, а Душан носел „берет“, а не митралез“, пишува Калиниќ во книгата.
Симовиќ и Будала имале болни склоности
Главниот убиец на „земунскиот клан“ во својата книга спомена и многу интересни детали за членовите на оваа злогласна мафијашка група. Така, на пример, за Милош Симовиќ тврди дека има силиконски задник со кој сакал да има секс и дека го чувал во својот плакар!?!
Во една прилика дури се судри со Влад Будалата, кој тајно му го зеде задникот и „го користеше во тоалетот“… Кога станува збор за Влад Милосављевиќ, тој навистина беше најголемата будала во кланот. Тој беше постојано надуван и сакаше да мастурбира повеќе од било што. Правеше разни глупости поради кои воопшто не можевме да се потпреме на него – пишува во книгата.
Comments are closed for this post.