Зајакнување на стабилноста, просперитетот и соработката низ Балканот и источниот Медитеран, според Белата куќа, ќе бидат теми на разговор за време на средбата на претседателот на САД Доналд Трамп со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис закажана за 7 јануари следната година во Вашингтон, јави дописничката на МИА од Атина.
– Претседателот Трамп и премиерот Мицотакис ќе разговараат за начините за унапредување на долготрајните стратешки интереси на двете нации за зајакнување на стабилноста, просперитетот и соработката низ Балканот и источниот Медитеран, соопштуваат од Белата куќа и додаваат дека Трамп исто така „ќе ја истакне важноста на телекомуникациската безбедност, особено во однос на 5G”, како и важноста на верската слобода во светот.
Американскиот претседател и грчкиот премиер на средбата се очекува да ги потврдат „силните економски, безбедносни и културни врски” меѓу двете земји.
Comments are closed for this post.