Владата на Србија ја измени Одлуката за привремена забрана за извоз и достава на природен гас, со што гасот сепак ќе може да се извезува во Северна Македонија, јави агенцијата Танјуг.
Одлуката е сменета три дена по нејзиното донесување, на 20 октомври.
Привремената забрана за извоз и снабдување е воведена со цел да се спречи заканата од критичен недостиг предизвикан од глобалното нарушување на енергетскиот пазар.
Целта е да се обезбеди сигурно снабдување на српскиот пазар, се наведува во основниот текст на одлуката.
Comments are closed for this post.