До крајот на 2018 година Србија нема исполнето ниту една од 17 препораки на Советот на Европа за борба против корупцијата, се наведува во годишниот извештај на Групата држави за борба против корупцијата (ГРЕКО).

Во извештајот пишува дека седум од препораките се само делумно исполнети, а десет воопшто не се исполнети, со што Србија е во друштво на Босна и Херцеговина и на Шпанија, кои се трите држави што немаат исполнето ниту една од препораките.

Пет од препораките се однесувале на работата на пратениците, шест на работата на судиите и исто толку на работата на јавните обвинители.

За разлика од Србија, БиХ и Шпанија, во Европа се исполнети 22,6 проценти од препораките што се однесуваат на работата на пратениците, 36,1 проценти од препораките за работата на судиите и 45,2 проценти од препораките за работата на јавните обвинители, се наведува во извештајот на ГРЕКО.