За коалицијата „Обединети патриоти“ предводена од актуелниот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов нема место во идниот состав на бугарското Народно собрание, покажала најновата анкета на агенцијата Алфа Рисрч, објави 360 степени.

Бугарскиот парламент, според истражувањето направено во декември ќе биде составен од шест партии, ГЕРБ на Борисов, од социјалистите, партијата на Турците – ДПС и новоформираните партии на шоуменот Слави Трифонов и екс-правобранителката Маја Манолева.

Сопственичката на Алфа Рисрч, Борјана Димитрова за бугарските медиуми појаснува дека за определбата на гласачите најголемо влијание има начинот на кој државата се справува со пандемијата.