Откриен е доверлив документ на ЦИА и германската БНД за повторно цртање на границите на Југославија и на албанските земји во регионот, пренесува српски „Курир“.
Класифицираните документи биле подготвени во Минхен во 1977 година на состанокот меѓу агентите на американската ЦИА и германската БНД.
Планот вклучувал поделба на Југославија во два големи блокови: блок под германското влијание и блок, под американското влијание.
Ако се набљудува во сегашната политичка состојба во регионот речиси се остварено според тој документ.
Словенија, Континентална Хрватска, Истра, северна и западна Босна и Херцеговина требало да стане дел од зоната на германското влијание, додека Далмација, Црна Гора, Косово, дел од Рашка, Прешевската долина и Македонија да бидат под американска контрола.Војводина пак требало да биде под контрола на Унгарија.
Comments are closed for this post.