Поради високите температури во Западна Европа, Грчката национална организација за јавно здравје одржа состанок за превентивни мерки од високите температури и за да се информира јавноста, јави дописничката на МИА од Атина.
Акцентот бил ставен на упатствата што треба да ги следат ранливите групи граѓани како што се старите лица, бебињата и децата, бремените жени, хронично болните, спортистите и слично, но и оние кои се најмногу изложени на топлото време.
На состанокот, како што соопштуваат од Грчката национална организација за јавно здравје, било споменато дека посебно внимание треба да се посвети на бегалците и мигрантите и луѓето што живеат во сиромаштија и на старите лица кои живеат сами.
Метеоролозите во Грција најавуваат топлотен бран од утре до петок во целата земја со температури до 40 степени.
Општина Атина презеде вонредни мерки за заштита на ранливите категории граѓани и од утре до петок, од 8 часот наутро до 20 часот ќе бидат отворени специјални климатизирани простории во неколку атински населби
Comments are closed for this post.