Во врска со веста дека во Мала Преспа е споделено упатство за гласање за локалните избори на бугарски и албански јазик, наместо на македонски и албански јазик, одговорно тврдам дека такво упатство за време на целата кампања на локалните избори што се одржаа на 30 јуни во Мала Преспа не забележавме, вели новиот градоначалник на Пустец Пали Колефски.

Вистината е дека во Мала Преспа живеат Македонци! Јас сум Македонец! – изјави градоначалникот на општина Пустец