Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре во Белград ќе се состане со претседателот на грчката Влада Алексис Ципрас.
По средбата на двајцата функционери во Палата „Србија“, ќе биде одржана и втора седница на Високиот совет за соработка помеѓу Србија и Грција во присуство на претседателот Вучиќ и премиерот Ципрас.
По седницата, Вучиќ и Ципрас ќе се обратат пред медиумите, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Републиката.
Во сабота во Белград ќе се одржи и квадрилатерален состанок, на кој освен Вучиќ и Ципрас, ќе присуствуваат и премиерот на Бугарија и Романија, Бојко Борисов и Вјорик Данчил.
Comments are closed for this post.