Сопругата на поранешниот британски премиер Тони Блер, Шери Блер (во правниот свет позната под нејзиното моминско презиме Бут) е основач на Матрикс Чемберс, чии членови беа во тимот адвокати кои го застапуваа поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај.
Адвокатскиот тим „Матрикс“, односно адвокатската комора што го застапуваше Рамуш Харадинај во Хашкиот трибунал, беше основан непосредно пред спроведувањето на законот за човекови права во октомври 2000 година.
Најголем дел од адвокатите од оваа комора се професионалци со големо искуство во областа на човековите права, а една од нив, дури и прво именувана во тимот, е Чери Бут, односно Блер, сопругата на Тони Блер.
Чери беше и советник на косовската влада за хонорар од половина милион евра.
Comments are closed for this post.