Непознати лица со црвена и црна боја и пиротехнички материјал ја нападнаа зградата на грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Според првичните информации, инцидентот се случил 15-тина минути по 14 часот по локално време, кога групата лица преку скалите над споменикот на Незнајниот јунак успеале да стигнат до дворот на Парламентот и да фрлат бои врз објектот.
Не е исклучено зад нападот да стои некоја анархистичка група или „Рубикон“, а инцидентот да е уште еден од низата акции во знак на солидарност и поддршка со еден од лидерите на терористичката организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас.
Грчкиот Парламент се наоѓа на плоштадот Синтагма во строгиот центар на Атина и важи за еден од најдобро обезбедуваните објекти.
Comments are closed for this post.