Метеопрогнозерот Славчо Попоски објави дека најновите анализи направени со помош на најпрецизните нумерички модели во светот укажуваат дека на Балканскиот Полуостров му претсои многу активна зима, и тоа гледано по врнежите и по циклоните.

Тоа значи дека претстојната зима кај нас ќе биде исполнета со врнежи од дожд и снег, а ќе има и чести снежни бајки, како на повисоките места и на планините, така и на пониските места (градовите). Дури можна е појава и на снежно невреме и натпросечни снежни врнежи во регионот, но и кај нас во Македонија. Овие врнежи особено се очекуваат во месеците јануари, февруари и март – наведува Попоски.

Што се однесува до температурите, тие би можеле да бидат малку над просекот, но се очекуваат чести продори на поларниот вртлог од север кој би условил екстремно ниски температури на воздухот, дури и под -20 степени, што е добра верста за љубителите на снегот.

И најголемиот дел од Европа ќе има зима богата со врнежи, што значи дека снегот нема воопшто да недостасува, напротив, ќе го има во изобилие.

Европа уште од сега се соочува со многу снегови и студ. Снежната покривка во Алпскиот регион веќе надминува и 100 сантиметри, а зимата не ни започнала – додава метеопрогнозерот Попоски.