Речиси во истиот момент кога медиумите во Босна и Херцеговина, па и пошироко, ја објавија веста дека во престрелка со полицијата убиен е повеќекратниот убиец Един Гачиќ на друштвените мрежи поделени се ставовите и содржините во кои се фалат специјалците за своето делување.

Потсетуваме, Гачиќ се терети за убиство на Сауд Султаниќ минатиот понеделник, како и за убиство на полицаецот Махир Бегиќ во петокот. Полицаецот е пронајден мртов во саботата вечерта, а утврдено е дека е застрелан со четири куршуми од истото оружје од кое убиен е и Султаниќ.

Во 1998 година Гачиќ го убил Исмет Гуниќ, претседател на Здружението на бањалучани во Зеница и за тоа злосторство е осуден на 14 години затвор. За време на слободниот излез ја убил неговата мајка Сафета, за што добил дополнителни 20 години затвор. Казните за двете убиства му се споени, а на слобода е пуштен во 2017 година, по отслужување на три четвртини од законската казна.


Ден по шокот, јавноста се прашува што е веста, убиството или предвременото ослободување на Гачиќ. Грешката во случајот ја гледааат во правосудството, односно потсистемот на извршување на казната, полицијата, но и властите кои не успеваат да уредат адекватен систем.

Директорот на затворот во Бихаќ пред неговото пуштање на слобода ги запознал надлежните институции дека се работи за опасен човек, кој најверојатно одново ќе убие, но ниедна од институциите не реагирала на ваквото предупредување.