Поради интензивираниот прилив на мигранти и зголемениот промет во туристичката сезона, словенечката Влада вчера мобилизираше голем број припадници на резервната полиција кои би требало да ги надоместат полицајците кои се на годишен одмор.

Потребата за контрола на безбедносните предизвици се очекува да се зголеми до крајот на годината, како и обемот на полициските задачи во повеќе области, соопштија од владата. Одлуката е донесена да се ангажираат дополнителни полицајци до крајот на годината, иако, како по правило, законскиот лимит за нивниот ангажман е 30 дена во една година.

Од владата велат дека обемот на полициските задачи на границата со Хрватска се зголемува како резултат на зголемувањето на илегалната миграција во однос на минатата година и заради зголемување на безбедноста во сообраќајот, која е влошена годинава.