Словенечкиот премиер Марјан Шарец во разговор за Ал Џезира Балканс вели дека Словенија ќе игра поактивна улога на Западен Балкан. Тој смета дека словенечкото искуство од периодот кога беше дел од екс Југославија во односот кон регионот може добро да и дојде на меѓународната заедница во решавањето на кризи како онаа во односите меѓу Скопје и Атина околу името на Македонија или за решавање на сложените односи во БИХ. Но Шарец истакнува дека Словенците малку и се срамеле од фактот што некогаш биле дел од Југославија.
Во Словенија како до сега да ни беше малку срам што некогаш бевме дел од Југославија, а денеска мислам дека мораме да го искористиме знаењето кое таму го стекнавме бидејќи Запад никогаш не го разбра добро Балканот и затоа не знаеше да ги решава проблемите. Словенија добро ја знае ситуацијата на Балканот за разлика од меѓународната заедница која со тоа не можеше да се пофали ниту во време на војната во Југославија ога праќаше посредници како Лорд Карингтон и Сајрус Венс, рече Шарец.
Comments are closed for this post.