Незапамтено невреме се случи синоќа на Халкидики. Дождот носеше дрва, приколки во камповите, а оштетени се и голем број продавници. Засега се знае за четворица починати.

За среќа засега нема информации за настрадани македонски туристи бидејќи невремето се случи во местата каде што најмногу одат наши луѓе, а тоа се Неос Мармарис, Калитеа, Пефкохори и Никити.

Невремето на полуостровот некои ги начекало додека се капеле во морето, други пак додека јаделе во рестораните или пак одморале во своите апартмани.