Само 39 од 545 регистрирани лица излегле на повторното гласање на гласачкото место каде што за време на парламентарните избори на 7 јули беше украдена кутијата со гласачките ливчиња, јави дописничката на МИА од Атина.
Излезноста на гласачкото место во атинската населба Ексархија била околу 7,5 отсто, а повторното гласање не влијаеше на конечните резултати на изборите, ниту, пак, на распоредот на силите или на бројот на пратеници за секоја партија.
На предвремените парламентарни избори минатата седмица, во Ексархија, што важи за населба-собиралиште на анархистите, на три минути пред завршувањето на гласањето, четири маскирани лица со чекани упаднале на гласачко место, прво се обиделе да ја скршат гласачката кутијата, а потоа ја земале и избегале. Според грчките медиуми, на централниот плоштад во Ексархија, маскираните лица ги запалиле и гласачката кутија и гласачките ливчиња
Comments are closed for this post.