Додека се тресе премиерското столче на бугарскиот премиер Кирил Петков, се тресе и бугарската јавност од аферата пласирана денеска, а во која главни ликови се токму петков и неговата шефица на кабинетот Лена Бориславова. До бугарската редакција на ПИК.бг пристигнала скандалозна видеоснимка, на која две лица, кои многу личат на Петков и Бриславова се качуваат по скали на станбена зграда. Жената оди прва и додека ја отклучува вратата од стан, мажот зад неа ја допира по задникот.
Ако снимката е автентична, тоа ќе биде најголемиот скандал околу личноста на Кирил Петков. Премиерот на Бугарија е оженет со Канаѓанка и има три деца, а шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова е свршена за пријателот и сопартиец на Петков, Мирослав Иванов, додаваат од ПИК.
Бугарскиот информативен портал ПИК пишува дека врската меѓу Петков и Бориславова е многу подолга од нивните политички кариери. Тие започнале како бизнис-партнери уште додека таа била адвокат, а тој министер за економија.
Comments are closed for this post.