асмина С.(44) од Лазаревац, мајка на четири деца, брутално го убила сопругот Синиша (42) додека спиел и десет дена го држела телото во станот, а потоа се обидела да си пресуди со сечење на вратот. Таа дури истурила омекнувач, солна киселина и хемикалии за домаќинството врз телото на несреќниот Синиша! Причина-љубомора.
Пред обидот за самоубиство, Јасмина оставила проштално писмо, кое го нашле нивните деца (9), (8) и (6), додека најстариот син (21) не бил дома. Децата кои цело време живееле во станот со мајка им и мртов татко, завчера отишле кај соседот и му кажале дека мајка им се самоубила.
Ужас во станот
Јасмина добро го планирала убиството и секој ден купувала хемикалии за домаќинство Во локалната продавница е потврдено дека Јасмина последниве денови доаѓа и купува хемикалии.
Го правеше вообичаениот шопинг, меѓу другото купуваше и средства за чистење и детергенти. Се однесуваше нормално, како да е се во ред, не оставаше впечаток дека има проблеми. Некогаш беше насмеана, некогаш не, како и обично .Во еден момент, откако купи неколку шишиња омекнувачи,рекла: Жено, овие омекнувачи се супер, сите мирисаат силно и убаво, морам да купам секакви за да видам кое најмногу ми се допаѓа“ — велат продавачите.
Синиша лежел мртов во кревет во дневната соба, а Јасмина беше на подот, во локва крв и онесвестена.
Comments are closed for this post.