Вреден шлем и е вратен на бугарската држава од САД, Ова го соопшти бугарското МВР a пренесува clubz.bg.
Вредниот предмет е откриен во меѓународна операција предводена од Соединетите држави и во која учествувале служби од вкупно 11 земји: Бугарија, Египет, Грција, Ирак, Израел, Италија, Јордан, Либан, Либија, Сирија и Турција.
„Шлемот е конфискуван од колекцијата на еден од најголемите светски колекционери на античка уметност, откако американските иследници успеаја да докажат дека артефактот би увезен во земјата преку нелегална трговија со антиквитети. Неговата вредност се проценува на приближно 200.000 долари.
Шлемот, кој датира од 4-3 век п.н.е., е направен од железо, сребро, бронза и органски материјали.
Се смета дека неговото потекло е од територијата на Бугарија – кај сегашното село Плетена, општина Сатовча, Благоевградска област. Американските експерти веруваат дека тоа му припаѓа на Филип Македонски“
Comments are closed for this post.