За убиството во Атина на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ на Крф ќе биде распишана потерница за апсење на Радоје Звицер како организатор и нарачател. Покрај Звицер помагател е и Дарко Шариќ. Звицер на извршителите дал милион, а Шариќ 750.000 евра.
Жртви беа Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ за кои емисијата „Код“ објави дека имале македонски пасоши.Тие со наши легални пасоши во јануари 2020 година влегле во Грција и таму беа изрешетани од засега непознати сторители пред очите на сопругите и децата. Тие имаа прошверцувано дрога во висина од над 300 милиони евра.
Comments are closed for this post.