Откако кандидатот за претседател на изборите во Хрватска, поп-фолк музичарот Мирослав Шкоро, го нарече лидерот на СРС Воислав Шешељ воен злосторник, веднаш од страна на радикалот пристигна и негов одговор.
Иако, Шешељ потенцира дека на неговиот „список за пресметка“ има прво домашни кандидати, вели дека нема да му остане должен на Шкоро.
Се уште немам време да се занимавам со Хрватите кои ме нарекуваат воен злосторник. Прво треба да ги попишам сите Срби кои така ме викаат и треба на сите да им го искршам носот. Откога на сите Срби кои ме нарекуваат воен злосторник ќе им ги испокршам муцките, тогаш ќе прејдам на Хрватите. Ако се жени во прашање има да ги ишишам на ќелаво, да ги залепам со катран и посипам со пердуви, изјави Шешељ за Ало.рс појаснувајќи кои се тие кои му препишуваат вакви епитети.
Comments are closed for this post.