Војислав Шешељ изнесе неколку факти поврзани со Бугарите и нивното искривување на историјата. Шешељ тврди дека кога дошле на Балканот Бугарите практично им се нуделе на Србите.

Бугарите го прикриваат своето словенско потекло.Кога дошле на Балканот биле само десет илјади и се нуделе на Србите кои ги затеклале.Од словенските народи за време на големата преселба како издефинирани народи се појавиле само Србите и Хрватите. Само овие два народи биле означени како  посебни народи. Бугари благодарение на војување ја презеле власта и се претопиле  во маста. Го изгубиле и бугарскиот јазик, останало само бугарското име-изјави Шешељ за „ТВ Хепи“.