Словенија е заинтересирана за местото европски комесар за проширување во идниот состав на Европската комисија, изјави денеска премиерот на таа земја Марјан Шарец.
Еден од ресорите кои не интересираат е оној за проширување. Повеќепати нагласивме дека го познаваме Западен Балкан и дека тука можеме да дадеме придонес, истакна Шарец.
Тој истакна дека Словенија може да биде задоволна од распределбата на клучните позиции во европските институции и истакна дека од новата Еврокомисија очекува „повеќе активности во однос на ширењето на ЕУ на Западен Балкан“, како и напредок во некои други прашања.
Comments are closed for this post.