Премиерот Алексис Ципрас и министерот за одбрана, Панос Каменос, вчера попладне во Офицерскиот дом во Атина одржале тајна средба. Според екслузивната вест на „Та неа“ средбата почнала во 15.10 часот кога на влезот на ЛАЕД прв дошол Каменос, а три минути подоцна и Ципрас. Фоторепортерот на весникот успеал да ги фати двајцата кога доаѓале на ненајвената средба.
„Та неа“ тврди дека на состанокот двајцата лидери се согласиле да го почитуваат претходниот договор, односно да ја сочуваат владината коалиција до март кога Преспанскиот договор треба да стаса во грчкиот парламент.
Сепак, повеќе детаљи се изнесени за менито – на масата на двајцата соговорници биле послужени артичоки, пилешки раженчиња со ориз, суфле, сардини со зелена салата, пилешка супа со помфрит, компир салата со јунешко и ориз.
Comments are closed for this post.