Германскиот експерт Рајнхард Прибе кој беше многу популарен во Македонија за време на владеењето на Зоран Заев и кој требаше да ни помогне да ги исполниме реформите кои од нас ги бараше ЕУ, повторно е активен.

75 годишниот Германец сега ги нуди своите услуги и на Србија, на барање на ЕУ и на српската опозиција.

Европскиот парламент бара од Европската комисија да испрати експертска мисија која би изготвила документ по примерот на  Македонија, Прибе е пензиониран германски судија кого ЕУ вклучува во случаи на реформи во судството и владеење на правото за кои се заинтересирани.

– Зборуваме за човек кој е експерт за правосудниот систем и функционирањето на судството. Ќе го погледне целиот правосуден систем и врз основа на неговата оценка ќе се состави извештај во кој ќе бидат наведени мерките што треба да се преземат – изјави комесар за обнова Јоханес Хан.

ШТО ТРЕБАШЕ ДА СЕ СРАБОТИ СПОРЕД ПРЕПОРАКИТЕ ОД ПРИБЕ

Следење на комуникациите

Реформи во судството и обвинителството

Надворешен надзор на независни тела

Реформи во изборниот процес

Реформи во медуумите

Бидејќи власта на СДСМ и ДУИ не исполнија речиси ништо од препораките на Прибе тој во 2017 година објави нов извештај .Во него се повторуваа истите забелешки и се укажа на системски проблеми со владееето на правото во Македонија.