Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер, подготвува атентат врз претседателот на Србија Александар Вучиќ во Котор на Самитот на лидерите на Западен Балкан и на Европската унија кој ќе да се одржи утре, дознава „Република.рс“.
Веднаш по објавувањето на датумот и местото на Самитот Звицер ги активирал сите расположливи соработници и започнал со подготовките за атентатот.
Единствена цел му е да го убие и нема да штеди ниту луѓе ниту пари за тоа да се случи бидејќи е свесен дека Александар Вучиќ е единствената вистинска пречка во регионот-пишува „Република.рс.
Котор е одлична можност за атентат бидејќ градот е опкружен со ридови и може да се види на вашата дланка. Тоа е огромен предизвик кога станува збор за безбедносната организација, ќе биде тешко да се опфатат сите точки каде потенцијално би можеле да бидат распоредени атентаторите со снајпер.
Comments are closed for this post.