По апсењето на Илир Мета реагираше и лидерот на албанските евроатлантски демократи, Љуљзим Башa кој на Фејсбук напиша дека „камбаните бијат за Еди Рама, бидејќи Бермудскиот триаголник се распаѓа” (Бериша-Мета-Рама).
Тој додава дека „почетокот на крајот на неказнивоста го означува почетокот на крајот на транзицијата”.
– Камбаните бијат за Еди Рама, страните на Бермудскиот триаголник не можат да издржат една без друга. Крајот на неказнивоста го означува почетокот на крајот на транзицијата. Албанија заслужува повеќе, напиша тој.
Во периодот кога на власт беа демократите, во владите на Сали Бериша, Баша раководеше со важни ресори, беше министер за внатрешни, за надворешни работи, за транспорт.
По поразот на парламентарните избори во 2013, кога Бериша се повлече, по негов предлог тој стана лидер на Демократската партија.
Односите им се заладија откако Бериша беше прогласен за непожелен во САД во мај 2022 година. По барање на тогашната американска амбасадорка Јури Ким, Баша го исклучи од партијата, по што почна расколот во партиските редови и тие од најблиски соработници, станаа најлути противници.
Сепак, Бериша го привлече поголемиот број од членството. Судот со одлуката од неодамна го призна за лидер Бериша и правото на печатот и логото
Comments are closed for this post.