Турскиот претседател Тајип Ердоган утре во Белград ја започнува дводневната посета на Србија.
Ердоган покрај разговорите со неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе присуствува и на втората сесија на Советот на високо ниво за билатерална соработка, а најавени е потпишување на низа билатерални договори.
Двајцата претседатели ќе присуствуваат и на Бизнис форумот чија цел е зајакнување на билатералната економска соработка меѓу Србија и Турција.
Во вторник, во Белград, Вучиќ, Ердоган и членовите на претседателството на БиХ ќе одржат Трилатерален самит, по што во Сремска Рача официјално ќе го обележат започнувањето на работите на автопатот Белград – Сараево.
Овој автопат е важен за поврзувањето на целиот регион, ќе се гради во две насоки: Бијелина – Сремска Рача (граница со БиХ) – Кузмин и Пожега – Котроман (граница со БиХ).
Вредноста на комерцијалниот договор е 250 милиони евра и вклучува подготовка на документација и изведување на работи на делницата Сремска Рача – Кузмин – вкупно 225 милиони евра – и подготовка на проектната и техничка документација за делот Пожега-Котроман – 25 милиони евра.
Comments are closed for this post.