Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, оцени дека пропаднале напорите на ЕУ за посредување меѓу Србија и Косово, нагласувајќи деја врз Приштина се врши притисок од надвор, пред се од САД, да формира сопствена војска.

Очигледно е дека напорите на ЕУ пропаднаа, затоа што Приштина одби да ги реализира сите договори што се до сега постигнати – изјави Лавров.

Рускиот шеф на дипломатијата, прецира дека пред се мисли на формирањето на Заедницата на српски општини.

Настојувањето на Приштина да формира сопствена војска претставува најгрубо кршење на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. А, за такво нешто, Приштина ја притискаат сили од надвор, пред се од САД – изјави Лавров.