Руската православна црква реши да ги прекине сите врски со Вселенската патријаршија откако Цариград одлучи да ја признае автокефалноста на украинската црква.
Ова е очекуван потег ако се знае револтот кој владееше во црковна Москва по одлуката на Патријаршијата и на поглаварот Вартоломеј.
Покрај тоа, Цариград одлучи да ја укине анатемата против поглаварот на Киевската патријаршија Филарет што ја фрлила Руската црква како и врз поглаварот на Укараинска црква Макариј.
Руската црква одлуката на Цариград ја нарече легализација на расколот и дека нанесува штета на милиони луѓе.
Руската црква смета дека ја има јуриздикцијата над украинската црква уште од 1600 година, слично како што српската црква смета дека ја има врз македонската и црногорската православна црква.
Comments are closed for this post.