Околу 9,7 милиони Романци живеат навор од државата, велат официјалните статистички податоци кои ги презентираше Романската министерка за дијаспора Наталија – Елена Интотеро.
Главни причини, како што вели таа, се корупцијата, слабиот квалитет на политичката класа и сиромаштијата, јавија романски медиуми.
Таа во отчетот за работата нагласи дека основното барање на Романците во странство за татковината е инфраструктурата – патишта, автопати, болници, училишта.
„Сите тие нешта би ги натерале да се вратат“, вели Интотеро.
Меѓу причините за напуштање на Романија учесници во анкета ги нагласиле ниските плати, недостиг од работни места, стабилност, слаб квалитет на политичката класа и корупцијата.
Според министерката за дијаспора, бројот на Романци кои заминале во странство е „многу голем“.
Comments are closed for this post.