Романскиот претседател, Клаус Јоханис, изјави дека Романија не е подготвена за на 1 јануари следната година да го преземе ротирачкото претседавање со Европска унија. Поради таквата состојба, Јоханис ја повика Владата да поднесе оставка.

Ромаснкиот претседател наведе дека ситуацијата „излегла од колосек“ и оти постои „политичка потреба за промена на Владата, која ја нарече „несреќен случај на романската демократија“.

Вјорика Данчила стана премиерка во јануари годинава, но според експертите, таа има мали извршни овластувањеа, додека Владата ја води лидерот на владејачката Социјадемократска партија, Ливиу Драгнеа.

Драгнеа не може да биде премиер поради тоа што е обвинет за кражба на гласови.