По примерот на другите европски земји, Романија во вторникот најави дека планира да воведе данок на слатките безалкохолни пијалаци во борба против дебелината.
„Овој данок е наменет за обесхрабрување на потрошувачката на слатки пијалаци и зголемување на јавните приходи кои би можело да се искористат во здравството и образованието. Епидемијата на згоеност во ЕУ претставува голем товар за здравствениот систем“, соопшти романското министерство за финансии.
Новата давачка би требало да собере 66 милиони евра во остатокот од 2019 година, и следува како дел од широка пресметка во која расте и данокот на тутун.
Романското здужение на произведувачи на безалкохолни пијалаци го осуди воведувањето на дополнителната давачка како „дискриминирачко“ и порача дека тоа ќе наштети на секторот кој брои околу 60 илјади работни места.
Според консултантската куќа „КејсФин“, пазарот на засладени пијалаци во Романија е вреден околу 1,2 милијарди евра.
Comments are closed for this post.