Грција им забрани на дебелите туристи да јаваат магариња, како резултат на кампањата преку која беа изложени докази за повреди на рбетниот столб и отворени рани кај животните. Таквата кампања почна откако во јавноста се појавија слики од дебела туристка како јава на магаре на Санторини, по што реагираа друштвата за заштита на животните.
Грчкото министерство за рурален развој и храна, ја објави новата регулатива која наложува дека магарињата не смеат да носат товар потежок од 100 килограми или било што потешко од една петтина од нивната вкупна тежина.
Сопствениците коишто издваат магариња мора да се осигураат здравјето да им биде на високо ниво. Во ниту еден случај животното не смее да биде малтретирано – се вели во регулативата.
Санторини е познат по ридестиот терен, но и поради тоа што магарињата традиционално се користат за да превезуваат луѓе и товар. Тоа особено важи за главниот град Фира, каде што не е дозволен пристап за моторни возила.
Ова е голем чекор и напорната работа се исплатеше. Ситуацијата на Санторини е ваква со децении и не може да се реши за еден ден. Ја добивме оваа битка затоа што го свртевме вниманието на меѓународните медиуми за состојбата во Грција. Само еден ден откако регулативата стапи на сила, слушнавме дека еден турист до врвот н Фира го носеле дури три различни магариња, за првото да не се премори – изјави волонтерката во друштвата за правата на животните, Елизабет Хаци.
Comments are closed for this post.