Адвокатите на Ратко Младиќ, кој издржува затворска казна во Хаг, од здравствени причини бараат итно ослободување.неговата здравствена состојба е лоша и потенцијално опасна по живот, а неговите адвокати бараат Младиќ да биде пуштен на лекување во Србија, пренесува Ројтерс.
Неговиот син Дарко побара тој итно да биде донесен во Србија на лечење.
Како што е веќе познато, Ратко Младиќ боледува од когнитивно оштетување и оваа година најмалку два пати беше хоспитализиран
Според неговите адвокати, Младиќ може да добие специјален третман во Србија поради неговата болест, а преместувањето исто така би ги отстранило јазичните бариери кои предизвикуваат тешкотии во комуникацијата.
Засега не се знае кога по ова барање ќе одлучуваат судиите на ММКС кои се занимаваат со случајот на Младиќ.
Да потсетиме, тим лекари од Република Српска во февруари ја извршија првата медицинска евалуација на генералот Ратко Младиќ, со цел да се добие прецизен увид за неговата здравствена состојба.
Ѓајиќ истакна дека причината за посетата е чисто медицинска, без политичка конотација, спротивно на толкувањата на некои медиуми.
Comments are closed for this post.