Премиерот на Албанија, Еди Рама, денес ја собра на состанок парламентарната група на Социјалистичката партија за да разговараат за очекувањата за отворање преговори за членство со Европската унија. Според информациите кои беа објавени во албанските медиуми, главен проблем било противењето на Германија, која, според Рама, може да донесе одлука почетокот на преговорите да биде одложен до септември.
Ја донесовме Албанија пред вратата на ЕУ-интеграцијата. Германија и Франција нема да ни ја затворат врата. Канцеларката Ангела Меркел и потпретседателот на Христијанско демократската унија (ЦДУ) не примија со почит и го поздравија нашиот напредок. Тие дури ни дадоа гаранции за нивната намера да ја наградат Албанија со отворање на преговори“, изјави албанскиот премиер.
Според Рама, единствениот проблем за Бундестагот е времето, и во него се кријат детаљите за кои треба да се има разбирање.
Зошто Европската комисија реши да го одлучи објавувањето на извештајот за Албанија? Затоа и септември е можниот месец за Германија, но таа никогаш не рекла нема да има отворање преговори“, изјави Рама додавајќи дека Албанија ги исполнила своите обврски.
Comments are closed for this post.