Албанскиот премиер Еди Рама го повтори својот став дека е подготвен да разговара со опозицијата, но не и да преговора.
На прес-конференција одржана во Владата, премиерот Еди Рама на прашањето дали меѓународните партнери прават напори да започнат дијалог меѓу него и лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша, тој отсечно одговори „не“.
„Ние и претходно го кажавме нашот став, сега го повторувам. Подготвени сме да разговараме во секој момент со вонпарламентарната опозиција. Но, не сме подготвени да преговараме за нешто што е поврзано со волјата на народот изразено со гласање. Ние сме подготвени, јас сум подготвен, немам предрасуди, немам услови ако сакаат да разговараат за иднината, иднината доаѓа побрзо отколку што изгледа. Ако тие продолжат на тој начин уште неколку месеци, 2021 година повторно ќе ни ја предадат победата со свои раце, изјави Рама.
Посочи дека тој има многу поважни задачи отколку да ги дочекува Баша или Круемади да зборуваат.
„Имам многу поважни нешта и далеку поважни обврски отколку да ги дочекувам Љуљзим Баша или Моника Круемади или некој друг кој сака да зборува. Тоа е нивна работа. Ние презедовме товар поради кој и така малкуто време за спиење ни се намалува затоа што треба да ги водиме сите општини во земјата и ние сме должни да го носиме тој товар со достоинство и успех, додаде Рама.
Според него, патот по кој оди опозицијата е нејзин избор на што ја предупредил уште кога била во Парламентот дека „ќе ги однесе на многу полошо отколку што се“.
Нагласи дека негови приоритети се растот на економијата, зголемување на вработеноста, подобрување на условите за работа на луѓето, зголемување на безбедноста на храната, инвестициите, услугите за граѓаните и неопходни трансформации што треба да се направат со општините.
Тој се задржа и на прашањето околу уривањето на Националниот театар, на што се спротивставуваат поголем дел од актерите, поддржани од опозицијата и граѓаните. Рече дека нема повлекување од одлуката за уривање на стариот и изградба на нов објект за театарот. Нагласи дека стариот објект не е можно да се реконструира
Comments are closed for this post.