Не сакам граници со Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Треба да работиме заедно за да овозможиме тоа да се случи“, изјави албанскиот премиер, Еди Рама во интервју за српската телевизија „Пинк“.
Според него, Србија мора да се соочи со реалноста и да признае дека Косово е независна и слободна држава.
Потребата за помирување е неминовна и колку повеќе Србија продолжува да верува дека ова е само сон кој не се случил, или дека тоа може да се спречи, ќе биде поболно за сите“, смета Рама.
Рама во интервјуто истакна дека никогаш не зборувал за т.н. Голема Албанија и дека тоа е термин дизајниран за да се користи против Албанците.
Comments are closed for this post.