Претседателот на Албанија, Илир Мета, денес го потпиша указот со кој премиерот Еди Рама е назначен и за министер за надворешни работи.
Интересно, и грчкиот премиер Алексис Ципрас во моментов ги извршува дете функции истовремено.
Претседателот Мета објави дека случајот е специфичен, затоа што такво нешто ниту е предвидено, ниту, пак, е забрането со уставот. Мета при својата одлука се раководел од тоа да не предизвикува институционална криза доколку го блокирал именувањето, а се раководел и од тоа што Рама веќе е во извршната власт.
Претходно функцијата министер за надворешни работи на Албанија ја извршуваше Дитмир Бушати.
Comments are closed for this post.